Бразил2014,Спорт

Крос: Знам каде ќе играм во новата сезона

Крос: Знам каде ќе играм во новата сезона

Одличниот играч за врска, Тони Крос откри дека сега знае за кој клуб ќе настапува во новата клупска сезона, но додаде дека името на истиот ќе го откри откако ќе заврши Мундијалот во Бразил.

“Да, донесов конечна одлука. Знам за кој клуб ќе играм во новата сезона, но нема да ви кажам за кој клуб станува збор. Постојано читам секакви новинарски шпекулации, секакви информации околу мојата иднина. Некои се точни, некои новинари имаат погодено со кој клуб имам постигнато договор. Сепак, ништо не е официјално, ништо не е потпишано. Прво да се фокусирам на полуфиналниот дуел против селекцијата на Бразил, сакам да им помогнам на мојата репрезентација, сакам Германија да биде дел од финалниот натпревар. Откако ќе заврши Мундијалот во Бразил, јас ќе го откријам името на мојот клуб. Се ќе биде познато за една недела”, изјави Крос.

Германските медиуми се убедени дека Крос ќе остане во редовите на Баерн (М), шпанските пак се убедени дека одличниот играч за врска ќе биде најнова летна аквизиција на Реал (М), додека тим во Англија ја форсираат приказната дека Крос има договор со Манчестер Јунајтед.