Крстевски: Блокадите и деструкциите на СДСМ, наместо да ги вратат ќе предизвикаат иселување на младите

На денешната панел дискусија „ВМРО-ДПМНЕ инвестираше, а СДСМ им ускратува можности на младите“ збор земаа членови од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорги Крстевски од младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека минатата власт веќе почнала да реализира голем дел од проектите кои биле ветени во предизборната кампања, поради одложувањето на изборите од страна на тогашната опозиција, а сегашна владеачка гарнитура.

-Еден од тие проекти е бесплатното патување за најдобрите студенти за академската 2015/2016 година, како што вети ВМРО-ДПМНЕ, беше објавен во текот на месец март и по направаните селекции по утврдените критериуми, најдобрите 25 студенти одлучија да патуваат тогаш во Барселона и ова ветување беше реализирано во месец мај, изјави Крстевски.

Тој го спомена и студентскиот стандард, тука кажа дека втората фаза целосно реконструирање на студентскиот дом „Гоце Делчев“ е веќе завршено. Меѓутоа спомена дека и во ребалансот на буџетот кој го предложи новата Влада во Собранието, финансиските средства за овој проект се скратуваат. Покрај скратувањата во овој дел, тој кажа дека ова не еединствено скратување на средства кое младите ќе го почуствуваат, има и многу други како за студентите, така и за средношколците.

-Јас доаѓајки од рурална средина со голем гордост можам да го истакнам проектот за млади земјоделци, каде што многу млади си најдоа своја шанса за своја егзистенција. Исто така во тиквешијата е отворена една од најголемите странски инвестиции, односно Дрексел Мајер, инвестиција која што вработува повеќе од 5.000 луѓе и голем број на семејства ја наоѓаат егзистенцијата токму во оваа фабрика.

Крстевски спомена и голем број други проекти кои минатата власт ги направи за младите, како што се бесплатниот автобуски превоз, поевтините авионски летови, укинувањето на визите и уште многу проекти кои секако го направија животот на младите многу полесен во оваа земја.

-СДСМ место да кочат со блокади и со деструкции, треба да се фатат за работа. Освен укинување, блокади и деструкции, буквално ниту еден проект не можеме да видиме кој е стриктно насочен кон младите, туку тие едноставно овие денови се зафатија со чистење на гаражата под Влада. СДСМ со нивната програма во која што ветуваа враќање на дијаспората, ќе постигнат контра ефект и ќе предизвикаат иселување на младите, изјави Крстевски.

Тој го презентираше предлог ребалансот на буџетот, за него кажа дека СДСМ скратува повеќе од 100 милиони денари за изградба на спортски сали во основните училишта, 15 милиони денари за изградба на средни училишта, како и 7 милиони денари за реконструкција на средните училишта, скоро 11 милиони денари се скратуваат за училишни спортски сали во средните училишта.

-Со овој начин на работа не гледаме никакво насочување на политиките на СДСМ кон младите и овие бројки ги побиваат сите нивни ветувања во нивната програма за развој на младите, изјави Крстевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.