Крстиќ: Агресивно против сивата економија

Министерот за финансии на Србија, Лазар Крстиќ најавува агресивни мерки против сивата економија бидејќи таму лежи потенцијал за пополнување на буџетот од 500 до 700 милиони евра годишно, но предупредува дека тоа не може да се оствари од денеска за утре.

Крстиќ, гостувајќи во Дневникот на РТС, напомена дека во борбата против сивата економија неопходно е пред се да се изградат институциите на Даночната управа.

Со анализата на податоците, востановено е кој плаќа данок, а кој не. Најавува дека наскоро ќе биде изменет Законот за даночна постапка и актуелните закони за до 1 јули борбата против сивата економија да го достигне својот врв.

Даночните олеснувања кои се дел од најавените пакет мерки на Владата на Србија за економско заздравување, исто така се дел од борбата против сивата економија.