Крстосувачки и авионски ракети со кои беше гаѓана Сирија доставени во Москва

Крстосувачки ракети од типот „Тomahawk“ и авионските ракети кои за време на сојузничкиот напад врз Сирија не ги достигнале своите цели се пренесени во Москва, а резултатите од анализата ќе бидат искористени за подобрување на руското оружје, изјави во средата на брифинг со новинарите, началникот на главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал-половникот Сергеј Рудској.

„Дел од ракетите не ги достигнаа целите, најверојатно поради технички недостатоци, заканувајќи се со уништување на цивилни објекти и предизвикување цивилни жртви. Две од нив, вклучително и крстосувалкие ракети Tomahawk и авионска ракета со висока прецизност се доставени во Москва“, изјавил Рудској покажувајќи слајдови од проектили.

Рускиот генералштаб им покажал на новинарите фрагменти од крстосувачките ракети. Биле претставени елементи од крстосувачките поморски ракет од американско производство „Tomahawk“, како и од наведуваните авионски ракети од англиско и француско производство SCALP и Storm Shadow.

Според експертот за противвоздушна одбрана во рускиот Генералштаб, Сергеј Бесногих, на руската војска ѝ се доставени елементи со голем габарит од проектилите, како и и погонските системи и елемнтарната база од вселенско радионавигацискиот систем.

„Добрата состојба на елементите, отсуството од траги од оган зборуваат за јасно влијание на системи за протввоздушна одбрана врз крстосувачките ракети. Присуството на отвори од елементи кои нанеле оштетуваа на телото на крстосувачките ракети јасно го карактеризираат дејствувањето на системите за наведувани проектили“, додал Безногих.

Фрагментите од ракетите на кои се сериски броеви, најдени по нападите на САД, Велика Британија и Франција врз објекти во Сирија, ќе овозможат да се одреди кому му припаѓаат овие оружја.

„Фрагментите од проектилите пронајдени во споменатите области на пресретнување се карактеризираат со дупки од еленменте на проектили земја – воздух. На нив имаат маркери со сериски броеви, датуми и имиња на производителите, како и друг податоци. Специјалистите без многу напор ќе ја идентификуваат припадноста на овие фрагменти“, рекол Рудској.

Руските специјалисти пронашле траги од погодоци на 22 ракети за време на нападот врз Сирија, од 105-те како што тврди американската команда.

Генералот Рудској рекол дека според официјалните изјави на западните земји главната цел на ракетниот напад била да се уништи наводниот сириски потенцијал за производство на токсични материи и складурање специјална муниција. Според американската, француската и британската команда тој „потенцијал“ бил концентриран во три објекти: научно-истражувачкиот центар „Барза“ во предградие на главниот град Дамаск, подземниот склад и неговиот надземен објект „Хим Шаншар“ во покраината Хомс.

Рудској потсетил дека Вашингтон, Лондон и Париз објавија дека ударните биле успешни и оти сите прокетили го погодиле целите.Притоа наводно научниот центар бил погоден со 76 ракети, а складиштето со 29 крстосувачки ракети, така што според Американците биле лансирани вкупно 105 проектили.
Претходно рускиот Генералштаб соопшти дека 71 проектил бил уништен од сириската противвоздушна одбрана. Сириската армија претодно објави дека два неексплодирани крстосувачки проектила пронајдени од сириската војска и префрлени со авион во Москва меѓу 17-ти и 18-ти април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.