Крстот над Сараево повторно цел на вандали

Крстот на Златиште, на едно возвишение над Сараево, повторно цел на вандали. Непознати лица вчеравечер успеале да го искршат бетонот на дел од крстот кој се навалил на една страна.

Ова е втор обид за уривање на крстот кој е поставен во сабота на местото Златиште кај Сараево. Тој е подигнат како спомен обележје во знак на сеќавање на 6.500 Срби убиени во текот на војната во БиХ.