Крушевчанец преку Фејбук уценуван од Белгијка

Крушевчанец бил уценуван од девојка од Белгија, која барала пари за да не објави фотографии со кои би му го нарушила угледот, информираше МВР.

Станува збор за лице на возраст од 34 години, кое завчера во 10 часот се јавило во Полициската станица Крушево. Тој пријавил дека во саботата добил неколку пораки со уценувачка содржина од женско лице од Брисел. Истите му биле испратени од нејзиниот Фејсбук профил.

Таа му рекла да уплати 200 евра до 10 часот истиот ден преку „вестерн унион“ на адреса во Брегот на Слоновата коска. Ако тоа не го направел таа на социјалната мрежа Фејсбук и на Скајп ќе објави слики и видео матријал со кои ќе му наштети на честа и угледот.