Крушево: Ја тепал сопругата, заработил кривична пријава

Педесет и три годишниот М.А. од Крушево заработи кривична пријава поради основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“ при вршење на семејно насилство.

Имено на 10.09.2014 година пријавениот со рака  ја  удрил сопругата во пределот на стомакот за што истата поседува медицинска потврда за претрпени душевни болки, растројства и повреди.