Македонија

Кружниот тек кај Порта Влае целосно затворен за сообраќај

Кружниот тек кај Порта Влае целосно затворен за сообраќај

Поради изведување градежни работи, утре и задутре целосно ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Ацо Шопов“, кај Порта Влае, соопшти од Град Скопје.

– Автобусите од градските линии 2, 2А, 4, 12, 22 и 22А во наредните три дена ќе бидат пренасочени преку улиците „Ангел Динев“, „Војвода Васил Чакаларов“ (поранешната улица „Адолф Циборофски“) и „Ѓорче Петров“, а автобусите на автобуската линија со број 21 ќе бидат пренасочени по булеварот „8.Септември“ и улицата „Скупи“. Оваа траса автобусите од јавниот превоз ќе ја задржат и во обратна насока, а притоа ќе се користат постојните автобуски стојалишта, се наведува во соопштението.

Автобусите на приградските линии 11, 32, 56, 56а, 60 и 64 ќе бидат пренасочени по улиците „Московска“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Војвода Васил Чакаларов“ (поранешната улица „Адолф Циборофски“) и ќе продолжуваат во правец кон улицата „Ѓорче Петров“. Во обратна насока посочените возила ќе се движат по истата траса.