Македонија

Кружниот тек кај Порта Влае утре затворен за сообраќај

Кружниот тек кај Порта Влае утре затворен за сообраќај

Поради вршење на градежни работи во текот на утрешниот ден на кружниот тек кај Порта Влае, којшто се наоѓа на поранешната крстосница помеѓу булеварите “Партизански одреди” и “Ѓорче Петров” и улицата „Ацо Шопов“, ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Оваа кружна крстосница целосно ќе биде затворена за сообраќај.

Градот Скопје апелира до сите учесници  да не ја користат оваа сообраќајница и да се движат по други сообраќајници.