Свет

Крвав Божик во Багдад: Бомба пред црква, 18 мртви, над 40 повредени

Крвав Божик во Багдад: Бомба пред црква, 18 мртви, над 40 повредени

Автомобил-бомба експлодирал денеска пред црква во јужениот дел на Багдад во моментот кога верниците излегувале по завршувањето на мисата. Според локалната полиција, 14 лица го загубиле животот, а 31 се повредени.

Во вториот напад, четири лица се убиени, а 18 повредени кога автомобил-бомба експлодирал пред маркет, каде е познато дека пазаруваат христијани.

Во Ирак има повеќе од еден милион христијански верници, кои, според зборовите на еден свештеник се плашат за својот живот, тие ретко одат во црква, не ги украсуваат своите домови според христијанската традиција и јавно не говорат за својата религија.