“Крвав” фудбалски натпревар во Египет

По минатогодишните немили сцени на натпревар од првата фудбалска лига во Египет, каде во нередите за време и по натпреварот животот го загубија 70-на навивачи, повторно се случија инциденти кои завршија со огромен број жртви.

Египетските медиуми јавуваат за бројка од 40 загинати во пресметките помеѓу навивачите на Замалек и полицијата.

Како што пренесуваат властите во Каиро, членовите на навивачката група “бели витези” сакале насилно да влезат на стадионот и да присуствуваат на мечот против ЕНППИ без да платат билети. Ситуацијата брзо ескалирала, а резултатот е 40 мртви и уште многу повредени.