Крвав инцидент во Чаир: Соседот му влегол дома и го расекол со нож

Четириесет и шестгодишен скопјанец заврши во болница откако соседот неочекувано влегол во неговиот стан и по кратка расправија го прободел со нож, информира денеска полицијата.

Инцидентот се случил во станот на Ш.У. на улицата Христијан Тодоровски Карпош вчера околу 13,40 часот. Домаќинот седел во домот заедно со сопругата и мајка му кога без било каков повод дошол соседот. По кратка расправија соседот извадил нож и го расекол Ш.У. на десната рака. Повредениот скопјанец е пренесен во Градската болница „8-ми Септември“  каде е задржан на лекување.

Полицијата информира дека напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.