Крвав инцидент во Струмичко: Еден тешко повреден во тепачка за мотор

Триесет и деветгодишен струмичанец е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје откако се здобил со тешки повреди во тепачка за мотор што во петокот се случила во струмичко Просениково, информира денеска полицијата.

Инцидентот се случил околу 17  часот во дворот од семејната куќа на Б.В. (53) кога со автомобил „сеат“ дошле С.К. (39) и З.Ѓ. (41) од Босилево. По пристигнувањето на двајцата настанала расправија меѓу нив и домаќинот и неговиот син Б.В. (29).

„Во еден момент, С.К. физички го нападнал Б.В.(29), удирајќи го со тупаници во пределот на лицето при што му нанел телесни повреди.  Во меѓувреме, З.Ѓ. влегол во возилото, го стартувал и со истото го удрил Б.В.(53) нанесувајќи му телесна повреда, по што со возилото заминал во непознат правец“, се наведува во полициската информација.

По тепачката С.К со тешки повреди биле примен во струмичката болница, од каде е префрлен на лекување во Скопје. Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на инцидентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.