Крвава драма во Детската клиника – Убиена е една жена!

Една жена е мртва а едно лице се заканува дека ќе се самоубие фрлајќи се од покривот на Детската клиника во Скопје.

Според информациитe, вечерва околу 20.40 обезбедувањето на Клиниката пријвило во полиција дека на пoкривот има непознато машко лице, а дека во негова непосредна близина има женско тело кое било во бесознание. Убиецот прво почнал да ја дави жртвата, па ја фрлил девојката од покривот на клиниката, која има седум ката. Таа веднаш била пренесена во Ургентниот центар, но лекарите не успеале да и’ го спасат животот.

Машкото лице се’ уште се наоѓа на покривот.

Од МВР ја потврдуваат оваа информација и велат дека на лице место се испратени специјални екипи, преговарачи од единицата за специјални задачи, а на местотo се поставува и балон кој би спречил самоубиство