Крвaва пресметка меѓу двајца соседи

Вчера во 16,10 часот во Скопје, на ул.„Гвадалахара“ по претходна вербална расправија, Г.Ј.(1953) со нож му нанел убодни рани на неговиот сосед И.М.(1974) од Скопје.

Имено, откако настанала расправија, И.М. физички го нападнал Г.Ј. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, по што тој влегол во куќата, земал нож и му нанел убодни рани во пределот на левата бутина, левата страна на стомакот и ребрата.

Веднаш потоа, Г.Ј. го фрлил ножот во дворот и заедно со соседот Б.В. го однеле И.М. во неговиот дом и повикале Брза помош. И.М. е пренесен во Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, каде е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје, при што се обезбедени два кујнски ножеви, траги слични на крв, како и делови од облека од двајцата инволвирани во инцидентот.Г.Ј. е приведен во ПС-Чаир.