Крвава пресметка во скопско Света Петка

Три лица се здобиле со телесни повреди во крвава пресметка во скопско Света Петка.

Вчера околу 19,10 часот во с.Света Петка-скопско дошло до нарушување на јавен ред и мир помеѓу од една страна А.С.(41) и З.С.(29) и од друга страна А.Џ.(26) и Е.Џ.(19).

Во тепачката освен тврди предмети било употребено и огнено оружје. З.С. се здобил со прострелна повреда на десна подколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С. по што истите биле пренесени во ГОБ„Св.Наум Охридски“ додека во УЦ-Скопје бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата (скршеница на череп) по што бил задржан на лекување.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.