Крвава расправија пред кафе-бар во Куманово

Расправијата помеѓу 29-годишниот А.М. и 40-годишниот Ш.И.  пред кафе бар „Ретро кафе“ во Куманово завршила крваво.

Имено, Ш.И. физички го нападнал А.М. и со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот, а потоа го напуштил лице местото.

А.М. е пренесен во Медицинскиот центар во Куманово каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.