Крвава расправија во Охрид

Крвав епилог на меѓусебна расправија во Охрид. Седумдесет и едно годишниот Е.М. со секира го нападнал 42-годишниот М.М.

Вчера во 15,15 часот во СВР-Охрид од страна на екипа на итна медицинска помош било пријавено дека во Медициснкиот Центар во Охрид е пренесено повредено лицето М.М.(42) од Струга.

Од страна на полициски службеници по преземени мерки констирано дека вчера околу 15,00 часот во семејната куќа на Е.М.(71), по претходна расправија помеѓу оштетениот и Е.М., во еден момент истиот со неколку удари со секира му нанел телесни повреди (расекотини во пределот на главата десната дланка и десната подколеница) на М.М..

Е.М. е пронајден и приведен во СВР-Охрид, а секирата со потврда за одземени предмети е одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.