Крвава расправија во Тетово

Меѓусебна расправија заврши крваво во Тетово. Триесет и две годишен тетовец заврши  во медицинскиот центар со телесни повреди.

Како што информира МВР, синоќа околу 22,50 часот во Тетово на ул.„Иво Лола Рибар“ во близина на бензиската пумпа по претходна меѓусебна расправија, Е.Љ.(24) од Тетово со нож го повредил И.С.(32) од Тетово во пределот на десното рамо.

И.С. е префрлен во Медицинскиот Центар -Тетово за укажување на медицинска помош. Во 23,30 часот Е.Љ. е пронајден и лишен од слобода.