Крими хроника

Крвава расправија во тетовско

Крвава расправија во тетовско

Две лица биле примени во болница со убодни рани откако претходно имале расправија во куќа во тетовско.

Како што информира МВР, вчера околу 21,55 часот во СВР-Тетово, од страна на лекар од КБ-Тетово-Хирушко одделение, пријавено било дека биле донесени повредени со нож И.Н.(47) од с.Палатница-тетовско, и С.С.(31) од истото село, каде им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите (убодна рана во пределот на грбот ) И.Н. бил пренесен во УЦ-Скопје.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, извршен бил увид во куќата на С.С , по што било констатирано дека С.Х.(55) од с.Анаркија-Сарај, кој бил на гости кај неговиот зет С.С. започнал вербална расправија со И.Н. при што С.Х. извадил нож со кој му задал удар на И.Н. во пределот на грбот додека С.С. при обид да му го земе ножот на С.Х. се здобил со расекотини во пределот на рацете.

По настанот С.Х. сам се пријавил во ПО-Групчин, по што бил извршен разговор. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.