Крвава свадба во кумановско, убиен тинејџер

Деветнаесет годишно момче од Германија, со потекло од Србија, им подлегна на повредите во градниот кош кои ги здоби на свадба која вчера се одржувала во кумановско Липково.

Од полицијата информираат дека настанот кај нив е пријавен од медицинскиот центар во Куманово околу 23:30 часот.

-Имено, околу 22:45 часот додека седеле во дворот од куќата на З.Ш. (51) каде траела прославата, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола, и испукал неколку куршуми од кои еден го погодил 19 годишниот Б.А., информираат од МВР.

Повреденото момче со огноострелна рана во пределот на градниот кош и во критична состојба било пренесено во кумановската болница каде починало.

Телото на момчето е предадено на обдукција, А.Ш. е уапсен, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.