Крвава тепачка во затворот „Идризово“, еден осуденик во болница

Крвава тепачка се случила во амбулантното одделение во скопскиот затвор „Идризвово“, вчера околу пладне, соопшти полицијата.

На 16 јануари во околу 12,15 часот во Казнено поправна установа – Затвор „Идризово“, во амбулантното одделение, настанала тепачка помеѓу затворениците М.З. (36) и Д.Р. (42). Во тепачката на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди констатирани на Клиника за максилофасцијална хирургија, каде што е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.