Крвави и мрачни сцени – Нецензурирани бајки од Грим кои сигурно не би ги читале на деца

Преводот на изворното издание на познатите бајки од браќата Грим, содржат мрачни и крвави сцени, а уредникот на новото, се’ уште не објавено издание, порачува дека е време родителите и издавачите да престанат да ги цензурираат приказните за деца.

Првото оригинално издание на бајките од браќата Грим, открива непрочистена верзија на приказна која им се чина на децата повеќе од 200 години.

Во изворното издание Златокоса забременува со принцот, кралцата од „Снежана и седумте џуџиња“ е биолошка мајка на принцезата која сака да ја убие сопствената ќерка,  а една мајка е толку гладна и очајна шти им вели на своите деца „ морам да ве убијам за да имам што да јадам“.

Браќата Грим – Јакоб и Вихелм, својата прва книга бајки која ќе им донесе светска слава, ја објавиле во декемви 1812 година, а три години подоцна објавиле уште една.

До 1857 година, ќе се објават уште седум изданија, секое дополнително ублажено, со вметнување на христијански референци, за да биде што по содветно за деца.

Џек Зајпс, професор по германски јазик и книжевност на Универзитетот во Минесота, честопати се прашувал зошто првата верзија никогаш не е преведена на англиски и одлучил тоа сам да го стори.

Иако браќата Грим задржале околу 100 приказни од првото издание, прилично ги измениле, така што верзиите кои денеска се познати многу се разликуваат од приказните од изворното издание.

Верзијата на Зајпс со 156 оригинални бајки, што наскоро треба да биде објавена во издание на ПУП (Принцетн Университи Преш), прикажува сосема поинаква страна на познатитеприказни, која често е мрачна, полна со крв и страшни сцени.

g

Како на пример приказната „ Како децата си играле колење“, во која група на мали деца играат масари и свињи, со морничав исход, при што момче ќе го заколе својот помал брат, пред мајката во бес да го избоде со нож.

Но тука не е крај, бидејчи дедека го казнувала својот постар син, мајката заборавила на бебето кое се удавило во леген. Жената на крај, неутешно ќе се обеси, а кога мажот вечерта ќе се врати од работа, и ќе види што се случило, ќе му репукне срцето.

Откако Златокоса се прешуштила во стравствена прагратка на својот принц, златокоса ја прашува мајка си зошто одеднаш облеката и станува претесна.

Маќеата на Снежан, како и на Ивица и Марица, всушност е нивна вистинка мајка, а авторите подоцна направиле измена бидејќи сметале дека „мајчинството е нешто свето“.

Зајпс верува дека овие измени социолошки ја одржувале тогашната состојба во оштеството – љубомората помеѓу младата маќеа и поќерката, бидејќи многу жени умирале при породување во 18 и 19 век, па нивните мажи подоцна се преженувале со малди девојќи, неретко слични во годините со своите ќерки.

Зајпс наведува дека се направени крупни измани и дека околу 40 до 50 бајки од првото издание сосема се исфрлени или драстично изменети.

Оригиналното издание не било наменето за деца или на поширока читателска публика. Дури по второто изание, браќата Грим одлучиле да подготват пократко издание за семејствата на средната класа, што довело до цензурирање на поголем дел од бајките.

„Брутални се и драматични. Во нив се чувствува сиелн и наивен дух на усната традиција, без христијанска сентиманталност и пуританска идеологија, кои браќата Грин подоцна ја додале“, заклучува Зајпс.

g1