Крвави траги во Охрид, неколку повредени

Во центарот на Охрид, на самиот Кеј на езерото синоќа пред полноќ се случила тепачка.Во инцидентот учествувале две групи млади лица, најверојатно од Скопје, а во меѓусебната пресметка било употребено и ладно оружје – нож, со кое се нанесени и неколку убоди.

На местото на случката на Кејот „Маршал Тито“ се забележливи крвави траги, а непосредно после инцидентот во неколку наврати интервенирала и Службата за итна медицинска помош која ги префрлила повредените во Медицинскиот центар во Охрид.

Од Секторот за внатрешни работи потврден е случајот, во тек се активности за утврдување на околностите и наскоро ќе соопштат повеќе детали за инцидентот.

МИА