Крвавото сценарио на СДСМ за протестот на 17. мај

Свесен за силата и непобитните докази против него лидерот на СДСМ Зоран Заев оди на се’ или ништо на најавените протести за 17 мај. Како се приближува судскиот процес за случајот „Пуч“ се’ повеќе на виделина излегува мрачното сценарио на Заев.

Партиски извори од СДСМ велат дека нивниот лидер подготвува мрачен план за спас на својата кожа преку предизвикување на силен конфликт и судири меѓу Македонците. Нивниот лидер се води од девизите „затоа што јас пропаѓам, нека пропадне и Македонија“ или „подобро е да направам конфликт за да се спасам самиот“, ишува порталот „Курир“.

Членови на СДСМ кои не се согласуваат со она што СДСМ и Заев го подготвуваат на 17. мај велат дека во партијата на големо се во тек подготовките за украинско сценарио во Македонија. Извори од партијата велат дека постои добро смислен план за дејствување, масовни немири, тепачки, закрвување. Според извори од СДСМ секоја општинска организација добила наредба да подготви 30-50 радикални лица кои би имал задача да бидат лидери во предизивикувањето на насилства и нереди. Веќе од некои од организациите пристигнале до партијата такви списоци на кои доминираат лица со криминално досие, познати насилници, како и лица на кои пукањето, тепањето и обидите за убиство не им се непознати.

Централата на СДСМ, велат истите извори, веќе е во процес на набавка на околу 2.000 маски фантомки кои треба да ги носат демонстрантите, како би се приклиле и би го отежнале процесот на препознавање по евентуална реализација на планираните сценарија на СДСМ. Планот опфаќа и радикалните групи на денот на протестот за да одвојат од толпата и по однапред дадени задачи да продолжат на разни локации низ градот со насилство, кршење на излози, локали.

sporedbi-ukrainanova

Дополнително партијата дала инструкции до сите членови, членството да земе подолг одмор од работните места, за да по точно утврден план дежура на пунктовите и шаторите во кои би останале по протестот на 17-ти месецов, како и по точно утврдени насоки да продолжат со насилствата.

Партиските извори велат и дека мрачното сценарио на СДСМ и Заев, во голем дел го подготвува и поранешниот прв човек на УБК во време на СДСМ, Миле Зечевиќ на кој му асистираат неколку лица од скопското подземје кои имаат богато криминално досие и се познати во јавноста по големиот број насилства. Истите извори додаваат дека во СДСМ постои и добро разработен план за напад и на неколку државни институции и обид за нивно заземање кој се држи во тајност, а само повремено се споменува.

Најстрашното и најморничавото сценарио кое СДСМ и Заев во обид за спас на сопствената кожа се обидува да го спроведе е уфрлувањето на поединци меѓу протестантите кои би биле вооружени со огнено оружје. Овие лица, според крвавото сценарио во одреден момент треба да пукаат кон македонската полиција или уште пострашно да пукаат кон самите демонстранти повредувајчи некој за сето тоа да го прикажат како напад на безбедносните сили врз демонстрантите и да предизивикаат незадоволство во јавноста.

Во СДСМ се зборува и дека како реална бројка на протестите очекуваат меѓу 10 и 15 илјади луѓе кои преку медиумите на СОРОС и СДСМ со добро подготвен план истата ќе ја претстават како многу поголем, која би достигнала меѓу 80.000 и 100.000 лица. Оваа прикажана брoјка очекуваат дека би влијаела на останатата јавност за дополнителна поддршка на протестот.

Имено, постоела и идеја наместо СДСМ како официјален организатор на протестот да се појават една или неколку невладини организации со цел СДСМ однапред да се амнестира од крвавото сценарио и можните жртви.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.