четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Со крвната група откријте на која болест сте склони

krvna-grupa

Последни вести

Крвните групи се делат во четири групи: А, Б, АБ и О, како и два РХ фактори, позитивен и негативен.

Крвна група А

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик за настанување на рак на желудникот. Жените од оваа крвна група можат да забременат и во подоцнежниот период од животот. Меѓутоа жените со крвна група А имаат поолем ризик од рак на желудник, а особено ако пушат и ако често пијат алкохол. Постои и поврзаност меѓу крвната група А и склоноста кон алкохол, но и опсесивно компулзивни пореметувања.

Крвна група Б

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик за добивање рак на панкреас. Исто така луѓето од оваа крвна група имаат поголем ризик за проблеми со помнењето, па и настанување на сенилност и Алцхајмер во повозрасни години. Исто така се склони на настанување на чирови и разни воспаленија предизивкани од бактерии. Сепак, за нив не е се така црно, бидејќи генерално имаат брз метаболизам, лесно градат мускули и подобро реагираат на вежби.

Крвна група О

Луѓето со оваа крвна група имаат помал ризик да добијат срцев удар и рак на желудникот, меѓутоа имаат поголем ризик да добијат чир на желудникот предизвикан од Хелиобактери, а мажите од оваа крвна група се склони кон дебелеење. Жените од оваа крвна група за разлика од другите имаат пократка плодност. Добрата работа е што оние со О крвна група поприлично се отпорни на стрес по трауматични настани.

Крвна група АБ

Жените со оваа крвна група имаат поголем ризик за добивање рак на јајници, а трудниците имаат поголем ризик за зголемен крвен притисок за време на бременоста. Припадниците на оваа крвна група имаат поголем ризик за срцеви заболувања и инфаркт, но и проблеми со варењето.

Студиите покажуваат дека се помалку отпорни на стрес. Меѓутоа тие се најмалку склони на проблеми со видот.

Најчитани вести