Крводарителска акција „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ во чест на роденденот на Тоше

Фановите на Тоше Проески во соработка со Црвениот Крст на Македонија и поддршка од Фондацијата „Тоше Проески“ ја организираат крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ во чест на неговиот 33 роденден.

Оваа традиционална акција на ниво на град Скопје се одржува денеска по осми пат. Местото и времето на настанот се Дом на АРМ – Скопје од 10 до 18 часот.

Во чест на Тоше во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се оддржи панихида.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.