четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Крводарителска акција на ФЗОМ

Крводарителска акција насловена „Фондовско срце“ oрганизира денеска Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Акцијата за дарување крв се реализира во централата на ФЗОМ.

133386825

Поврзани вести

Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски изјави дека продолжува акцијата за дарување крв во сите подрачни служби на Фондот. Посочи дека околу 120 вработени се пријавени да даруваат крв во текот на денешниот ден во централата на Фондот и низ Република Македонија.

– Ова е трета акција по ред што ја организира Фондот и на владино ниво ние сме институција што ги координира крводарителските акции на сите други државни институции. Суштината на нашата институција е да помагаме на сите оние кои имаат проблем, па денеска со овој личен чин сакаме тоа да го потврдиме и на дело, со дарување крв нашите вработени да спасат живот, рече Стефаноски.

Во врска со тоа дали има доволно крвни единици на Институтот за трансфузиологија, рече дека од она што го имаат како информација во комуникација во менаџментот, ситуацијата е стабилна, под контрола и има доволни количини крв.

– Регуларно и редовно се одвиваат и крводарителска акции во координација со Институтот за трансфуциона медицина. Снабденоста со крв е на соодветно ниво, додаде Стефаноски.

Најчитани вести