Крводарителска акција по повод Голема Богородица во Дом на АРМ

Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трасфузиона медицина по 14-ти пат ќе ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.

Акцијата ќе се одржи од 9 до 17 часот во Домот на АРМ во Скопје. Организаторите очекуваат да се надмине бројката од 242 крвни единици кои биле реализиран на акцијата организирана минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.