Крводарителска акција по повод националниот празник Илинден

Во Домот на култура Илинден утре ќе се одржи крводарителска акција по повод националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри август“.

Акцијата ќе се реализира од 9 до 14 часот и во неа може да се вклучат сите заинтересирани граѓани кои преку дарувањето на крвта, ќе ја покажат својата хуманост и солидарност, спасувајќи нечиј живот.