Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Крводарителска акција во општина Кисела Вода
Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес беа дел од  акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 46 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно.

Крводарителска акција во општина Кисела Вода
Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Најмладиот дарител на денешната акција која се одржа под мотото „Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 20 години, а највозрасниот 65. Меѓу дарителите имаше и такви  кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.