Крводарителска акција во Велес

Екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Единицата на службата за трансфузиологија од Велес во соработка со Општинската Организација на Црвен крст денеска во холот на новата театарска зграда организираа акција за доброволно дарување на крв.

Во акцијата се собрани 80-тина крвни единици со што е една од подобрите годинава, изјави д-р Бојан Тодоровски од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, потенцирајќи дека велешките крводарители се меѓу најхуманите во земјава.

– Сите крвни единици се носат во Институтот за трансфизиона медицина во Скопје, а оттаму потоа се распределуваат за потребите на скопските клиниките и сите болници во Македонија, информира д-р Тодоровски.

Организатор на акцијата е ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а по повод претстојниот празник 17 јуни Денот на формирањето на партијата.