Крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес

Традиционално и оваа година, на 26 јули Црвениот крст на град Скопје организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес, но и во знак на покажаната солидарност и хуманост на нашите сограѓани.

Крводарителската акција ќе се одвива во периодот од 10:00-18:00 часот во Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје, кој се наоѓа во ДХО Даре Џамбаз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.