Кржалоски присуствуваше на регионална средба на ЈП Службен весник на земјите од Балканот

В.Д директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Лука Кржалоски денес оствари средба со директорот  ЈП Службен гласник на Република Србија Јелена Триван, на покана од српска страна.

Двајцата колеги дискутираа за можностите за размена на искуства, во однос на делокругот на работата, продукцијата на изданијата, како на службениот весник така и на правната и друга литература, изработката на пречистените прописи, како и изнаоѓање на други дополнителни начини на финансирање  на институциите. Кржалоски изрази надеж дека меѓусебната соработка ќе се продлабочува и во делот нудење на нови услуги и сервиси и пратење на актуелните трендови и побарувања од страна на корисниците со што ќе се постигне зголемување на бројот на претплатниците.

6

 

Во рамки на посетата, Кржалоски оствари средби и со претставници на овластените издавачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска и Црна Гора  со цел покренување иницијативи за регионална соработка за зајакнување на капацитетите на службените весници.

Делегација на ЈП Службен весник на Република Македонија беше гостин на 61-от Меѓународен Белградски саем на книгата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.