Кржалоски: СДСМ ги потценува граѓаните со популизам и политика за Супер купот

Јавноста конечно разбра зошто владата процени дека ќе пропаднел Супер купот и како го спаси. Владата на големи ѕвона пред десет дена објави дека ќе пропадне Супер купот, бидејќи претходната влада не го подготвила добро, дека не инвестирала доволно и дека таа е соочена со голем предизвик од пропаѓање на Супер купот, изјави Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Попусто ПУИК одговараше дека над 6 милиони евра се инвестирани и дека се’ е навреме завршено освен некои помали ситни работи кои се во тек. Сликата која владата ја престави беше небаре потребни се уште 15 милиони евра за изградба на нова трибна. Па во медиумите кои се под континуирана закана и притисок од владата, следеа натписи и прилози како сега со вонредни мерки и активности, од невозмозна ситуација и во последна минута владата ќе прави надчовечки напори за да го спаси одржувањето на Супер купот, предизвикано од претходната неодговорна влада“, рече претставвникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсети дека по десетина дена истата влада повторно објави дека нашла соломонско решение, односно дека „крупен недостиг“ биле клима уреди во вкупен изност од 115.000 евра, како и дека ПУИК трабао да го обезбедно од сопствениот буџет, а претставувајќи се како „спасител во последен момент“ на Супер купот.

„СДС додека беше во опозиција континуитано ја потценуваше интелегенцијата на граѓаните на Македонија. Сега продолжува со истото. Во случајот со наводното пропаѓање и мудар спас од владата на одржувањето на фудбалскиот Супер куп. Следна приказна ќе биде со двата автопати чија градба ја запреа за да покажат дека има огромен проблем кои тие треба да го решат. А всушност се работи за тековни проблеми при градба на секој автопат кои се решаваат во од. И кормално по некое време и за ова ќе излезат и ќе објават дека нашле решение, а преплашените медиуми ќе ги отворат вестите тој ден со ‘радосната вест’“, рече Кржаловски.

Оцени дека ваквата одлука на владата на СДСМ не претставува решение.

„Тие донеле одлука, па го преиначиле во заклучок да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија. Доколку тоа беше возможно да се направи немаше да преставува проблем. Што значи дека ова е случај за правење на популизам и политика, а не реален случај каде постои проблем“, појасни Кржаловски.