недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 41

Кржалоски: Укинувањето на дисперзираните студи ќе нанесе огромна штета на образовниот процес

СДС ги оневозможува кавадарчани и младите од југот на државата да студираат на машинскиот факултет во градот, а истото се случува и со укинувањето на машинскиот факултет во Струга, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ

Luka Krzaloski

Поврзани вести

Со укинувањето на дисперзираните студии се предизвикува огромна штета врз образовниот процес и се ускратуваат бенифициите кои им биле достапни на студентите во изминатите десет година, рече во понеделникот на прес-конференција Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од СДСМ најмалку е реформска, туку е антиреформска, оцени Кржалоски и заклучи дека владејачката партија започнала да ги спроведува „дестурктивните политики“ коишто ги промовираат нејзините „идеолози“ како пораншениот министер на СДСМ за внатрешни и за надворешни работи професорот на скопскиот Правен факултет Љубомир Фрчкоски, кој одамна во своите колумни пишуваше дека „секое село“ не заслужува факултет и во едно свое неодамнешно појавување во медиумите инсистираше на укинувањето на 35 факултети.

 

„Отворањето на дисперзираните студии кои минативе години кои се покажаа како извонредна можност која секоја година ја искористуваа околу 15 отсто од вкупниот број на студенти што го продолжуваа образованието на високо образовна установа, односно тоа се некаде околу 2.000 до 2.500 студенти кои наместо да патуваат секој ден или да се преселат во друг град поради уписот на факултет, одлучуваа да студираат во своето место на живеење или во неговата непосредна околина. Ваквата мерка во изминативе девет години беше искористена од над 20.000 граѓани, бројка што сама посебе говори за успехот на овој проект“, прецизираше Кржалоски.

 

Потсети дека оваа мерка им овозможуваше на студентите да заштедат средства за патувања, сместување и исхрана, но и да заштедат средства по однос на уписнина.

 

„Студирањето на дисперзираните студии каде предаваат истите професори и се учи по истите наставни програми, материјали и учебници од кои се учи и на матичните високо образовни установи од каде се изведени, чини само 100 евра годишно. СДС со оваа антиреформа им ја ускратува можноста на тетовчани и младите од поширокиот регион да студираат на ФИНКИ во нивното населено место. СДС ги оневозможува кавадарчани и младите од југот на државата да студираат на машинскиот факултет во градот, а истото се случува и со укинувањето на машинскиот факултет во Струга“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Додаде дека укинати се дисперзираните студии на техолошко-металуршкиот факултет во Кавадарци и Крива Паланка и им е одземена можноста на младите од овие градови и поширокиот регион да студираат блиску до своето место на живеење, дека младите од Тетово и Велес се оневозможени да студираат на економски факултет без притоа да треба да треба да доаѓаат во Скопје, како и дека со оваа мерка им е одземена можноста на младите од Гевгелија и Прилеп да студираат на факултетот за земјоделски науки и храна.

„Единствената причина поради која е укината ваквата мерка е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ со цел обезбедување што поголема достапност на високото образование за сите граѓани“, заклучи Кржалоски.

Најчитани вести