Кржаловски: Во памлфетот на Шилегов се плагираат проекти реализирани од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и нивнито кандидат за скопски градоначалник Петре Шилегов немаат програма за локалните избори, туку имаат памфлет со нереални предлози, или проекти кои веќе се реализираат или, пак, се веќе реализирани од досегашниот градоначланик Коце Трајановски, исткна во неделата истакна Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Кржаловски оцени дека овој факт укажува дека памфлетот на СДСМ е несериозно парче хартија набрзина составено со кое се манипулира за време на изборите.
Додеде дека е очигледно оти оние кои ја пишувале програмата на СДСМ за Град Скопје или не излегле да прошетаат низ градот или не се од Скопје, зашто доколку биле запознаени со приликите во градот ќе знаеле дека проектот енергетска ефикасност е започнат од актуелниот градоначалник и е во фаза на реализација.

„Проектот ‘Паметен град’ е веќе започнат и како таков е добитник на повеќе награди за реализирани проекти од оваа област. Доколку Шилегов излезе од својата канцеларија во Собранието и прошета низ Скопје ќе знаеше дека подземните контејнери кои ги ветува, е проект реализиран од Коце Трајановски, а подземните контејнери се поставени на повеќе локации во градот и успешно се користат. Исто така, ќе знаеше дека проектот за централизиран комунален сервис е веќе реализиран од страна на Коце Трајановски, преку апликацијата ГИС. Шилегов барем малку да излежеше помеѓу граѓаните на град Скопје ќе знаеше дека проектот ‘Мој паркинг’ е започнат исто така од Коце Трајановски и чија јавна набавка е во тек. Истото важи и за проектот ‘Зелен регистар’ кој е веќе започнат од актуелниот и иден градоначалник на град Скопје, господинот Коце Трајановски“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот Скопје Вело-град, додаде Кржаловски, е проект целосно украден од Коце Трајановски, кој веќе има реализирано дел од проектот со набавени велосипеди, кои граѓаните може да ги изнајмуваат, а започната е нова јавна набавка за набавка на нови велосипеди.

„Граѓаните гледајќи го памфлетот на СДС можат да ја видат целата нивна безидејност и некадарност. Граѓаните гледаат дека СДС немаат што ново да им понудат. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ, нуди голем број на нови мерки и проекти, како и продолжување на тековните“, заклучи Кржаловски.