Кси Џинпинг: Само социјализмот може да ја спаси Кина

Единствено социјализмот може да ја спаси Кина, порача во вторникот претседателот Кси Џинпинг на затворањето на годишната пленарна седница на кинеското Народно собрание.

Во свечениот завршен говор, неколку дена откако едногласно беше реибзран во парламентот кој му ја даде можноста да остане на чело на најбројната нација на планетата доживотно доколку сака, Кси Џинпинг, најмоќниот кинески челник наназад најмалку четвртина век, ја потврди водечката улога на кинеската Комунистичка партија.

„Историјата докажа и ќе продолжува да докажува дека единствено социјализмот може да ја спаси Кина. Единствено развивајќи го социјализмот со кинеските специфичности ќе можеме да ја довршиме големата ренесанса на кинеската нација“, изјави Кси пред околу три илјади делегати присутни на седницата. Народна Република Кина следната година ќе прослави 70 години од основањето.

На сметка на странските земји, Кси рече дека феноменалниот развој на неговата земја од пред речиси четири децени не претставува „закана“ за која и да е држава.

„Кина нема да ги жртвува интересите на другите земји за да го гарантира сопствениот развој. Само оние кои имаат обичај да им се закануваат на другите ги сметаат другите за закана“, изјави Кси како челник на втората светска економска сила, зборувајќи за протекционистичиките закани од американскиот претседател Доналд Трамп и алудирајќи на западните земји особено на САД.

Повика на „голема обнова на кинеската нација“, и истакна дека Кина има способност „да го преземе местото во светот коешто ѝ припаѓа“.

Кси, исто така, предупреди на сепаратистичките тежнеења и рече дека Кина ќе го сочува својот суверенитет и територијален интегритет, алудирајќи на бунтот на муслиманското население Ујгури. Го предупреди Тајвин дека ќе биде соочен со „историска казна“ за каков и да е обид за сепаратизам, што е досега најострото предупредување за островската земја којашто Кина ја смета за своја одметната покраина.

Тајван е едно од најчувствителните прашања во Кина и потенцијално воено жариште. Кинеското непријателство кон Тајван зајакна во 2016 година, кога за тајванска претседателка беше избрана челничката на Демократската напредна партија, Тцаи Инг-Вен. Кина ја разлути американскиот претседател Доналд Трамп кој минатата седмица потпиша закон со кој јакнат односите меѓу САД и Тајван. Кина се сомнева дека Тцаи ќе бара целосна независност на островот, иако претходно рече дека сака да го задржи статус-кво и се залага за мир.

Заложбите Тајван да се оддели од кинеската нација се осудени на пропаст, порача Кси, додавајќи дека ниту сантиметар земја „нема да биде и не може да биде отстапена на другите“.

Премиерот Ли Кечијанг изјави дека Кина нема територијална претензија, иако сака да игра посилна улога на глобалната сцена. „Погрешно би било да се интерпретира ова тежнение како желба за стратешка експанзија“, додаде кинескиот премиер. Ли, исто така, истакна дека Кина се залага за „мирна и стабилна околина, и на меѓународниот план и со соседите, за да има повеќе можности за развој“.

Истакна и дека Кина не сака трговска војна со САД и рече дека ќе преземе мерки кон постигнување на урамнотежувањето на трговските односи. Вети и дека втората најголема светска економија дополнително да се отвори за странските инвестиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.