Кси им вети на Кинезите подобар стандард во 2018-та и заштита на редот во светот

Кина ќе ја задржи својата улога во заштитата на меѓународниот ред и борбата против климатските промени и покрај тоа ќе продолжи да го поправа стандардот на своите граѓани, вети претседателот Кси Џинпинг во новогодишното обраќање.

Ветувајќи продолжување на напредувањето „кинескиот сон“ и подигнувањето на животниот стандард, особено за најсиромашните, Кси свечено вети дека ниеден негов сонародник до 2020 година нема да биде сиромашен.

Тоа би било во со илјадници години долгата историја на Кина да не постои крајна сиромаштија во земјата, истакна Кси во својот празничен говор.

Признавајќи дека неговата влада можеби доволно не работела во таа насока, кинескиот претседател вети дека сега ќе ја интензивира работата за да се гарантира благостојбата на населението.

Според Кси, на меѓународен план Кина решително ќе ги поддржува Обединетите нации, ќе ги исполнува своите меѓународни обврски и ќе продолжи со работата во борбата против климатските промени.