Кси му порача на Трамп да ги смири тензиите со Пјонгјанг

Киенскиот претседател Кси Џинпинг во телефонскиот разговор од понеделникот го повикал својот американски колега по должност Доналд Трамп „на воздржаност“ во однос на Северна Кореја, пред ударната група борбени бродови предводена од американски носач на авион да вплови во водите на Корејскиот полуостров.

Разговорот меѓу првите луѓе на Кина, којашто е единствен голем поддржувач на Северна Кореја, и на САД, доаѓа во период на растечка напнатост меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. Американската страна се сомнева дека Северна Кореја во вторник би можела да изведе уште еден нуклеарен тест или пробно лансирање на балистички проектил за одбележување на 85-годишнината од формирањето на севернокорејските вооружени сили. Пјонгјанг вообичаено одбележувањето на значајните датауми го проследува со вакви демонстрации на сопствената воена моќ.

Во Пекин се надеваат дека „сите страни ќе бидат воздржани и дека нема да преземат ништо што би можело да ги потткне тензиите на полуостровот“, рекол Кси Џинпинг, се наведува во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи.

Неговиот американси колега Доналд Трамп уште пред неколку седмици најави дека ќе се „занимава со проблемот“ со севернокорејската нуклеарна програма и порача дека американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Карл Вилсон“ е пренеасочен и упатен во водите на Корејскиот полуостров.

Северна Кореја, пак, предупреди дека на секој вид напад, па и нуклеарен ќе возврати со нуклеарен одоговор, а во текот на изминатиот викенд се закани дека ќе го потопи американскиот носач на авиони.

Како што истакнува во соопштението кинеската диплоамтија, Кси на Трамп му кажал дека „решавањето на прашањето на севернокорејската нуклеарна прогрмаа и нуклеарното разоружување на полуосторовт е можно единствено доколку секоја од страните го преземе својот дел од одговорноста“.

Станува збор за втор телефонски разговор меѓу Кси и Трамп по нивната средба на почетокот од април во приватната резиденција на американскиот претседател на Флорида.

САД сметаат дека Кина, како земја којашто најмногу економски и дипломатски ја помага Северна Кореја, може да влијае врз нејзината политика. Пекинг негира дека има толку големо влијание врз Пјонгјанг и редовно дека судирот се однесува само на американската и севернокорејската страна и оти овие две земји мора да го решат проблемот низ директен меѓусебен дијалог. Меѓутоа, Кина секогаш со претпазливост го следи зајакнатото воено присуство на САД на Корејскиот полуостров, редовно по ваквите тензии.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот разговарал за проблемот со Северна Кореја и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

„Се согласивме дека силно бараме од Северна Кореја, којашто постојано опасно провоцира, да покаже воздржаност. Севернокорејското нуклеарно и балистичко прашање претставува голема безбедносна закана, не само за меѓународната заедница, туку и за нашата земја“, изјавил за новинарите Абе по триесетминутниот разговор со Трамп.