Кси стана најмоќниот кинески лидер по Мао

Сегашниот кинески претседател Кси Џинпинг дефинитивно во вторникот се афирмираше како најмоќниот челник во последните 40 години во Кина, влезе во повелбата на владејачката Комунистичка партија, еднакво како и нејзиниот основач Мао Це-тунг.

Шеесет и четиригодишниот Кси Џинпинг дојде на челото на Коминустичката партија на Кина кон крајот на 2012 година, и покрај тоа несомнено е дека во среда ќе добие нов петгодишен мандат на генерален секретар, највисоката должност во земјата.

Собрани од минатата седмица на конгресот во Пекинг, повеќе од 2.300 делегати од целата земја го одобрија во вторникот вбројувањето во повелбата на партијата на „мислите на Кси Џинпинг за социјализмот на кинески начин за новиот период“.

„Тоа на Кси ќе му даде извонредни овластувања. Ќе има статус како оној што го имаше Мао. Би можел да биде како тој: доживотен челник толку долго колку што ќе го држи здравјето“, вели за AFP Вили Лам, политиколог од кинескиот универзитет во Хонгконг.

Ниеден кинески челник по Мао Це-тунг (1893-1976) не доживеал неговиот придонес кон идеологијата така да биде славен додека е уште на функција. Името на Денг Ксиаопинг, творецот на реформите од крајот од седумдесеттите години од минатиот век кои од Кина направија втора економска сила на светот, влезе во повелбата по смртта, во 1997 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.