КСОМ ќе бара акции за активните и пензионирани припадници на МВР

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ), Независниот синдикат на полицијата (НСП) и Здружението на граѓани „Акционер“ денеска ќе го претстават акцискиот план со кој ќе побараат на сите активни и пензионирани припадници на МВР да им се доделат акции кои Владата ги поседува во разни акционерски друштва.

Бројот на акции ќе биде според бројот на поминати години како вработени во Министерството за внатрешни работи.

Од КСОМ, НСП и Акционер посочуваат дека акцискиот план е направен по двомесечни консултации со, како што велат, врвни познавачи на правото, а планираат до крајот на годинава да ги информираат сите вработени во МВР за нивниото барање.