Економија

КСС: Царовска ги крши Законот за работни односи и Деловникот за работа на ЕСС

КСС: Царовска ги крши Законот за работни односи и Деловникот за работа на ЕСС

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска потворно остро реагираше на функционирањето на Економско социјалниот совет, чиј претседател е претседател е министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Оттаму велат дека таа го прекршила Законот за работни односи, Деловникот за работа и спогодбата за формирање на ЕСС.

„Денеска повторно е свикана седница на Економско социјалниот совет насловен како 36-та Седница на ЕСС, за која министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како претседател на истиот, и покрај претходно писмено известување повторно го прекрши Законот за работни односи, Деловникот за работа на ЕСС и спогодбата за формирање на ЕСС каде што во член 5 јасно стои кој учествува во работата на ЕСС, а за други учесници одлучуваат претходните членови на ЕСС. Министерката повторно покани да присуствуваат нелегитимни организации кои не се членови, синдикати кои не се репрезентативни на национално ниво, туку се грански синдикати, а не знаеме по кој критериум се поканети токму тие синдикади, бидејќи во Македонија постојат и други грански синдикати кои членуваат во КСС и синдикати кои делуваат самостојно“, се вели во соопштението на КСС.

Конфедерацијата го поддржува синдикалниот плурализам и консултација сите синдикати кои функционираат во Република Македонија, но бараат почитување на законите и да не се нарушува функционирањето на веќе институционализираните органи и тела како што е Економско социјалниот совет.

„Ваквиот однос на претседателот на ЕСС прави огромна штета на Република Македонија со тоа што практично се укинува социјалното партнерство на национално ниво што е спротивно на Европската и светската практика, ќе влијае врз извештаите за Македонија на Европската Комисија за напредок на социјалниот дијалот и партнерство на национално ниво“, се вели во соопштението.

КСС испратила информации до меѓународните организации како што се Европската конфедерација на синдикати ETUC, Меѓународната конфедерација на синдикати ITUC и регионалниот совет „Солидарност“ каде што КСС е редовна членка, како и до Меѓународната организација на трудот која будно ги следи состојбите во РМ во однос на правата на работниците и почитување, негување и подигнување на социјалниот дијалог и партнерство меѓу социјалните партнери на сите нивоа.

„За оваа состојба е информирана и делегацијата на Европската Унија во Македонија, која што редовно ги следи состојбите на социјалниот дијалог и партнерството и ги внесува во редовните извештаи кои ги доставува до владата на РМ“, се вели во соопштението.

КСС исто така реагира и до владата се со цел надминување и создавање на еден коректен социјален дијалог во рамки на законите и Уставот на Република Македонија.