Куба го сопре преносот на ХИВ и сифилис од мајка на дете

Куба го сопре преносот на ХИВ и сифилис од мајка на дете

Светската здравствена организација (СЗО) извести дека Куба е првата земја во светот која успешно го елиминирала преносот на ХИВ и сифилис од мајка на дете.

Тоа го потврдуваат и податоците дека во 2014 година само две деца во земјата се родени со ХИВ, а пет со сифилис, стои во соопштението.

Директорот на СЗО, Маргарет Чан, тој исклучителен успех го нарече еден од најголемите достигнувања во јавното здравство, изразувајќи надеж дека и другите земји наскоро ќе бидат во таа позиција.

Куба го сопре преносот на ХИВ и сифилис од мајка на дете и успешно покажа дека универзалниот здравствен пристап е клучен за успех, дури и кога во прашање е предизвик како ХИВ – се наведува во соопштението на Кариса Етиен, директор на Панамериканската здравствена организација.

СЗО на кубанските жени им овозможи ран пристап на пренатална грижа, во чии рамки мајките се тестираат на ХИВ и сифилис, а оние кои се позитивни на една од две полно преносливи болести, благовремено се лекуваат.

Секоја година во светот забременуваат околу 1,4 милиони жени заразени со ХИВ, а ако не се лекуваат, шансите вирусот за време на бременоста, породувањето или доењето да се пренесат на дете се меѓу 15 и 45 отсто.

Ризикот се намалува на околу еден отсто, ако на мајката и детето истовремено се даваат антиретровирусни лекови, се наведува во извештајот на СЗО.