Куба го започна изборниот процес за наследникот на Раул Кастро

Кубанскиот претседател Раул Кастро (л) и можниот негов наследник Мигуел Диаз-Канел (д)

Со општински состаноци оваа седмица на Куба е започнат шестмесечниот изборен процес кој треба да заврши со изборот на наследникот на Раул Кастро кој претседателскота должност ќе ја напушти во февруари следната година.

Од понеделникот на собранијата се бираат кандидат за места на општинските советници пред локалните избори кои ќе се одржат од 22-ри до 29-ти октомври.

По тие избори, на почетокот од следната 2018 година околу 600 претставници во Националното собрание, кои ќе го изберат Државниот совет, ќе бидат задолжени за именување на претседателот на 24-ти февруари 2018 година.

Осумдесет и шестгодишниот претседател Раул Кастро веќе објави дека не сака нов мандат. Неговиот прв заменик и втората личност на кубанската влада, 57-годишниот Мигуел Диаз-Канел би можел да го наследи.

Кубанската комунистичка партија (PCC) службено нема кандидат, но го надлгедува процесот и гарантира со своето влијание и гласовите на своите активисти дека никогаш нема да биде избран припадник на опозицијата. Властите овој кубански систем го нарекуваат најдемократичен и најтранспарентен на светот.

Право на глас имаат сите Кубанци повозрасни од 16 години коишто живеат на островот, или 8 милиони од 11,2 милиони жители.