Куба ќе го менува уставот

Кубанското национално собрание го назначи поранешниот претседател, Раул Кастро за претседател на Комисијата за уставни измени, која треба  да обезбеди правна основа за економско и социјално отворање на оваа островска нација.

Назначувањето на Кастро на оваа позиција е уште еден знак дека со изборот на Мигел Дијаз-Канел за претседател на Куба нема да се случат големи промени во кубанскиот социјалистички систем, оценува  Ројтерс. Иако веќе не епретседател на Куба, Кастро останува на чело на Кубанската комунистичка партија до 2021 година.

Како што реков кога јас го презедов функцијата претседател на 19 април, другарот и генерал Раул Кастро ќе ги предводи големите одлуки за сегашноста и иднината на нацијата,  рече Дијас-Канел во собранието.

Сегашниот устав од 1976 година, кој е менуван три пати, вели дека партијата е водечка политичка сила во земјата, што е дефиниција, како што вели Канел, која Кастро нема да ја промени.

Во 2011 година, самиот Кастро рече дека е потребен нов устав, имајќи ја предвид серијата реформи што водат кон претпазливото отворање на економијата за странски инвестиции и приватниот сектор за да се одржи кубанскиот социјализам. Кога нацрт-уставот ќе биде финализиран, ќе се разговара во парламентот, а потоа ќе се одржи референдум.