Кубанците гласаат за новиот парламент, по децении ќе добијат претседател кој не е Кастро

првиот кубански потпретседател мигуел диаз канел гласа на ноемвриските локални избори

Кубанците во неделата го избираат новиот парламент кој следниот месец ќе го избира новото водство а со тоа и наследникот на претседателот Раул Кастро, што претставува историска пресвртница за овој карипски остров на чиешто чело последните шест децении беа браќата Кастро.

Општите избори на Куба се одржуваат секои пет годиза ни. Избирачките места се отвораат во 7 часот наутро по локално време на коишто осум милиони гласачи постари од 16 години ќе гласаат за 605 кандидати за исто толку места во парламентот. Кубанците во неделата гласаат и за 1.265 покраински пратеници, првпат откако кон крајот на 2016 година почина водачот на револуцијата од 1959 година, основачот на комунистичка Куба, Фидел Кастро.

Иако исходот од изборите се чини однапред е познат, се истакнува дека за многу Кубанци ова е најважниот настан последните години, бидејќи избираат нови челници. Изборите, исто така, се клучната етапа и кон завршувањето на 60-годишната власт на браќата Кастро, бидејќи новиот парламент на 19-ти април ќе го избира наследникот на 86-годишниот Раул Кастро, кој на последниот партиски конгрес побара од сопартијците на челните позиции да избираат помлади кадри. Во 2006 година кога на Фидел му се влоши здравјето, Раул Кастро приовремено ја презема должноста, а претседател официјално стана во 2008 година. Фидел Кастро почина осум години подоцна, на 90-годишна возраст.

Раул Кастро минатата година објави дека нема да го ара третиот мандат. Се очекува дека негов наследни ќе биде сегашниот потпретседател, 57-годишниот Мигуел Диаз-Канел, инженер и поранешен министер за образование. И покрај тоа што ѝ припаѓа на постреволуционерната генерација, од Диаз-Канел не се очекува дека ќе спроведува далекусежни реформи и ќе воведува нови слободи. Тој, не само што е познат како заговорник на континуитетот, туку би можел да го ограничува и самиот Кастро кој ќе остане на чело на Комунистичката партија до нејзиниот следен конгрес во 2021 година.

Кастро, речиси сигурно, ќе има место и во парламентот и се очекува дека и натаму ќе има големо влијание врз армијата. Неговата влада спроведе економски реформи кои овозможија поголем број луѓе да основаат мали компании, но и натаму има големи ограничувања за приватното претприемништво.

Според оцените на западните медиуми кои ги следат изборите на Куба, отпорот се задушува што некои Кубанци се согласувале да разговараат за политиката со странци само во парковите за да ен може да бидат слушнати од другите.

Меѓутоа, многумина од нив, исто така, истакнувале дека го ценат она што револуцијата им го донела, а тоа го вклучува и бесплатното образование и здравствената грижа, како евтиното домување. Престолнината Хавана, имено, е безбеден град во кој многу ретко може да се видат бездомници или питачи. Економијата закрепнува од рецесијата од 2016 и 2017 година и пораснала за 1,6 отсто, главно благодарејќи на земјоделието и туризмот.

Но животот и натаму не е едноставен за многу Кубанци, кој малку заработуваат и тешко набавуваат храна и други основи производи, коишто често ги нема во продавниците поради проблеми во производството. Меѓу главните извори на приходи во земјата се и парите кои ги испраќаат кубанските имигранти од САД, Мексико и Шпанија, а нивната бројка се проценува на стотици илјади.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри рестрикциите за патувањата на Куба и работењето со оваа земја, по кусото затоплување на односите во периодот на неговиот претходник Барак Обама по децениските замрзнати односи. Вашингтон инсистира Хавана да воведе повеќепартиска демократија и капитализам. Меѓутоа, таквите предлози не наидуваат на одобрување од страна на Кубанците, коишто стравуваат дека ќе останат без бенефициите и дека САД ќе ги експлоатираат.