Кубански лекар излекуван од ебола се враќа во Сиера Леоне да ја доврши мисијата

Кубанскиот лекар Феликс Баес, кој беше заразен со ебола во Сиера Леоне и излекуван 16 дена подоцна во Женева, вети дека ќе се врати за да ја доврши мисијата, јавува МИА.

На аеродромот во Хавана тој беше поздравен од министерот за здравство на Куба Роберто Моралес и други владини претставници.

Тој е дел од 256-те лекари и медициснки персонал кои Куба ги испрати во држави погодени од ебола. Уште 200 лица медициснки персонал од Куба се подготвени ако се укаже потреба да бидат испратени во Западна Африка.