Четиригодишно момче од селото Прељубиште, општина Јегуновце, денеска во 14 часот и 40 минути било искасано по главата од куче скитник.
-Настанот се случил во дворот од семејната куќа на момчето во селото. Кучето повеќе пати го гризнало детето од двете страни на главата, а поради повредите веднаш било донесено во клиничката болница во Тетово за да му се укаже соодветна лекарска помош, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.