Куче скитник предизвика сообраќајна несреќа

Жител на Кочани заврши на скопските клиники откако претходно бил каснат од куче скитник додека управувал со мопед и удрил во паркирано возило.

Вчера околу 10,00 часот во Кочани на ул.„1-ви Мај“ случена била сообраќајна незгода во која С.Н.(68) од Кочани управувајќи Мопед „АПН-6“ со штипски регистерски ознаки бил каснат од куче (скитник) при што изгубил контрола над мопедот и удрил во паркирано возило управувано од Љ.Т. (67) од Кочани.

Во незгодата С.Н. се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на колено на лева нога), по што му била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Кочани, од каде бил пренесен во КЦ-Штип, а потоа во КЦ-Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.